Русите само малку ги интересира политика, велат анкетите.
ИТАР-ТАССЗа политички теми со семејството и пријателите често расправаат 22% од испитаниците, ретко – 36%. Од испитаниците 41% не дискутира за никакви настани од рускиот политички живот, пренесува ИА „Регнум“.
Најчести теми за дискусија меѓу руските граѓани се: „настаните во Украина“, „влошувањето на руско-американските односи“, „состојбата во економијата, растот на цените, невработеноста“ и „настаните во Сирија“.
Граѓаните исто така дискутираат и за „активностите на претседателот Владимир Путин“, „односите на Русија со другите земји“, „нестабилната ситуација во светот, војните и терористичките напади“.
Русите ретко зборуваат за „митинзи, протестни акции“, „за проблемите на Крим“, и „јакнењето на одбранбената способност на земјата“.
Истражувањето е спроведено на 13 август 2017 година на 1500 испитаници во 104 населени места во Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче