Русите најмногу од сѐ во животот сакаат да гледаат во телевизискиот екран, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од „Левада-центарот“.
На прашањето „што ви причинува најмногу задоволство во животот? 34% од испитаниците рекле дека сакаат да гледаат телевизија, 26% дека сакаат да добиваат пари, 24% да го поминуваат времето со своите деца, додека уште 24% меѓу задоволствата ја издвои добрата храна. Потоа следат патувањата, книгите, музиката и љубовта. Во анкетата учествуваа 1600 испитаници.
Не сите беа воодушевени од овие резултати. „Каква овца морате да бидете за да изјавите дека гледањето телевизија е вашата омилена активност!“, напиша интернет корисникот andreas.globetrotter.
Друг корисник под името Граѓанин на Русија вели: „Оние кои читаат книги секогаш ќе владеат со оние кои гледаат телевизија. Паметните секогаш владеат со будалите“.
„Јас дури и немам телевизор. И не се хранам во ресторани. ОК, некако ќе живеам без задоволства. Животот е многу интересен и без нив“, напиша sm59.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче