Претседателот на Русија Владимир Путин, кој престојува во официјална посета на Кина, му подари на својот колега Си Ѓинпин руска бања.
Според пишувањето на медиумите, двајцата лидери си размениле подароци синоќа. Оваа информација официјално ја потврди портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, прецизирајќи дека кинеската страна ќе одбере место за руската бања, а стручњаци од Русија ќе ја постават. Дрвената конструкција ќе биде изградена од кедрово дрво од Алтај старо преку 200 години.
Reuters
Путин, инаку, е првиот шеф на некоја странска држава кој вчера беше одликуван со орден на Пријателство на Народна Република Кина, највисокото државно признание на таа земја.
Reuters
Шефот на руската држава во официјална посета на Кина пристигна на 8 јуни.