Легендарната руска бања „Санду“

Извор: Алексеј Куденко / РИА Новости

Извор: Алексеј Куденко / РИА Новости

Легендарната бања „Санду“својата историја ја има уште од времето на императорката Екатерина Велика!

Историјата на најпознатата московска бања започнува со имињата на Сила Сандунов и Елисавета Ураниумска, актери во дворот на царицата Екатерина Велика. Откако двајцата се зеле, императорката им подарува дијаманти кои Сандунов ги продава. Со парите тој купува земјиште во близина на реката Неглина во Москва. Подоцна го купува имотот на своите соседи и ги урива сите куќи таму, со цел да изгради бања. Зградата е завршена во 1808 година. 


Московскиот новинар и писател Владимир Гиљаровски пишува дека бањата во времето на Грибоедов и Пушкин ја посетувале сите оние кои се собирале во салонот на Зинаида Волконскаја и во Англискиот клуб. Тој додава дека оние кои никогаш не го посетиле „Санду“ не ја виделе навистина Москва. 

Бањата е отворена на 18 февруари 1896 година. Новата бања Санду предизвикала револуција во областа на јавните бањи. Во Москва нема друг сличен систем; речиси сите најнови технички достигнувања од тоа време се воведени таму. 


Внатрешноста на бањата може да се спореди со онаа на најскапите куќи. 

Архитектите користеле увезени материјали од Европа, вклучувајќи норвешки и италијански мермер, керамички плочи од Англија, Германија и од Швајцарија. 

Салата на вториот кат во машкиот простор е богато декорирана. Убаво изработениот дизајн на колоните се меша со сликите на ѕидовите. 


Машката соблекувална е дизајнирана во готски стил. Нејзина карактеристична црта е каминот, кој не е во функција со оглед на современите противпожарни стандарди. 


Реставраторите се обиделе да ги задржат резбата и фреските кои ги красат соблекувалната и дел од турската сала, но се соочиле со тешкотии, бидејќи влагата го оштетила дрвото. 


По реставрацијата во 2011 година се изградени приватни простории, кои имаат мини-бања со лежалки, базен и парна соба. Секоја соба е направена во различен стил. Има сали во римски стил, а исто така и такви што се во советски стил. Вториве се со понови дополнувања. 

Плочките на некои места биле скршени или биле значително оштетени. 


Карактеристично за машкиот простор е дека таму се наоѓал најголемиот затворен базен од тоа време, а реставраторите се обиделе да го зачуваат неговиот оригинален изглед. Статуата на Посејдон, на крајот на базенот, изгледала повеличествено, пред да биде заменета со статуи на млади пионери во советскиот период. 


Фотографии: Алексеј Куденко / РИА Новости.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња