Во чест на големиот јунак една улица во Владивосток ќе го понесе неговото име

Слободан Ѓукиќ
Неговото име ќе го носи една од улиците во градот Владивосток на рускиот Далечен Исток, каде Роман работеше пред да отиде во Сирија. Подвигот на Роман Филипов засекогаш ќе остане во сеќавање на сите припадници на руската армија и народот во целина.

Претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Виктор Бондарев даде целосна поддршка на одлуката што ја донесоа политичките претставници од Приморската област за именување на една од улиците во Владивосток во чест на рускиот херој кој храбро загина при извршување на задача во Сирија – пилотот на јуришната авијација Роман Филипов.

„Таков подвиг заслужува да биде трајно запаметен во историјата на нашата Татковина, за која својот живот го даде извонредниот млад човек и мајор на јуришната авијација Роман Филипов. Затоа е целосно разбирливо да добие улица во својот град во кој живееше и работеше“, изјави Бондарев.

Тој напомена дека на 15 јуни 2018 година во неговиот роден Воронеж ќе биде откриена меморијална биста која е подигната во чест на овој херој.

Витезот со лавовско срце

На 3 февруари 2018 година, при изведување на извидувачки лет над зоната на деескалација Идлиб леташе дежурен пар со два јуришници Су-25СМ, која го надгледуваше договорениот прекин на огнот. Во еден момент, во близина на градот Серакиб, авионот со кој управуваше мајорот Филипов беше погоден од земја и соборен. Авионот е погоден од ЛПРС (лесен преносен ракетен систем) кој се истрелува од рамо. Мајорот Роман Филипов потоа се обиде да воспостави контрола над авионот, но безуспешно. Моторите беа надвор од функција и авионот ги броеше своите последни секунди. Му немаше спас. Пилотот се катапултираше и падна на територијата контролирана од радикалната исламистичка група „Џабхат аш-Шам“ (бивша Нусра Фронт). Користејќи како засолниште една карпа која се наоѓаше на отворен простор, рускиот пилот се спротивстави на група од најмалку 50 терористи и тоа само со еден пиштол „Стечкин“ калибар 9х18 мм, со неколку наполнети рамки со муниција. Кога виде дека се наоѓа во обрач, тој ја испика целата муниција што ја имаше во рамката, го фрли пиштолот, извади рачна граната и со зборовите „Это вам за пацанов“ (мак. Ова ви е за момците!) се разнесе пред терористите, кои во неверување залегнаа по околната трева.

Прочитајте повеќе: Руски медуми: Кои беа последните зборови на загинатиот пилот на Су-25

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња