Видео: Збогување со херојот на Русија Роман Филипов, пилотот на Су-25 кој загина во Сирија

Церемонијата на збогување со Роман Филипов, пилотот на соборениот во Сирија авионот „Сухој“ Су-25, се одржа на подмосковскиот аеродром „Чкаловски” во четвртокот, 8 февруари. На церемонијата присуствуваше министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.

По оддавањето почит на загинатиот пилот, ковчегот со телото на мајорот е качен во авион Илјушин Ил-76 со звуци на воен марш. Филипов ќе биде закопан во родниот Воронеж.

Рускиот јуришен авион Су-25 беше соборен во Сирија за време на стандардна патрола. Мајорот Роман Филипов се катапултираше и на земјата стапи во борба. Малку подоцна се самоуби со активирање на рачна граната за да избегне да биде заробен. Пред експлозијата пилотот извикна: „Ова ви е за момците!“ Претседателот на Русија Владимир Путин му го додели звањето Херој на Русија.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група „Џејш ел Наср”.

Прочитајте повеќе: Руски медуми: Кои беа последните зборови на загинатиот пилот на Су-25

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња