Англиските навивачи ветуваат „светска војна“ на СП во Русија: „Русите немаат поим што ги чека“

Англиски навивачи на ЕП во Франција 2016, Лил.

Англиски навивачи на ЕП во Франција 2016, Лил.

Marius Becker/dpa/Global Look Press

Англиските навивачи ветуваат дека на СП во фудбал во Русија ќе приредат вистинска трета светска војна. Така барем за „Дејли Стар“ изјави анонимен претставник на навивачката група Smoggies Elite.

„Ако некој мисли дека тоа е шега, дека ќе играме фудбал, пиеме пиво, пушиме и разговараме, одговарам: тоа нема никогаш да се случи. Тоа ќе биде како трета, четврта, петта, шеста, седма светска војна. Тие (Русите) немаат поим што ги чека“, вели фудбалскиот навивач. 

Во Русија благовремено ќе се упатат некои претставници на англиските ултрас навивачи кои ќе собираат информации потребни за заштита на своите сонародници, а соговорникот исто така рече дека тие не се плашат од приведување.

Во февруари 2017 година Би-Би-Си емитуваше филм под насловот „Руска ултрас армија“, потсети на масовните тепачки со учество на руските навивачи во Марсеј на Европското првенство 2016 и на тоа дека руските навивачи сериозно се подготвуваат за судир со странските навивачи на годинашниов Мундијал.

Прочитајте повеќе: Седум прашања поврзани со руските навивачи

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња