Изданието пред сѐ ги предупредува читателите дека треба контролирано да консумираат алкохол. „Ние, Британците, сме познати по тоа што немаме сопирачки кога се работи за пиење, а Русија е позната по вотката. Ако ги комбинираме едното и другото се добива смртоносна комбинација“, предупредува таблоидот.
„Сан“ им советува на навивачите да не пијат на празен стомак, да бидат подготвени да ја кренат чашата за многу здравици и да не мешаат вотка со пиво!
Па сепак, треба да се очекуваат непријатни последици од мамурлакот, се вели во статијата. Таблоидот им советува на Англичаните да се угледаат на Русите кои, наводно, го лечат мамурлакот со чорба наречена боршч. И, она што Британците никако не смеат да го прават е да се натпреваруваат со Русите во пиење.
„Тоа е друга култура на пиење алкохолни пијалаци. Тие ќе испијат повеќе од вас“, пишува во статијата.
На Англичаните исто така им се укажува дека треба да се собујат пред да влезат во туѓа куќа, да им ослободат место на постарите лица во јавниот превоз и да не се однесуваат нападно спрема минувачите на улица.
А нам ќе ни биде особено интересен овој детаљ: на однесување во Русија Англичаните ги учи стручњак од туристичкиот бизнис кој се вика Горан Пилиповиќ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче