Русин од „Москвич 400“ направи спортски автомобил вреден милион рубли

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Шеесетгодишен авиомеханичар од сибирскиот град Омск рачно направи уникатен автомобил.

„Поинаквиот“, како што овој љубител на автомобили го нарекува своето „чедо“, настана со напорите на Генадиј Серебрјански од прирачни средства. Под хаубата на автомобилот се наоѓа мотор со запремнина од 4,3 литри, позајмен од камион ГАЗ-66. Резервоарот за бензин и ладилникот се преместени поради големината на моторот во багажникот.

Според овој вљубеник во автомобили, при модификацијата работена во задниот двор на една приватна куќа е користено буквално сѐ што се нашло – од пронајдени делови дома до нарачани. Тој не знае точно колку пари вложил, но поради фактот што по сите преработки и доработки не успеал да го регистрира автомобилот, вели дека ќе мора да го продаде.

Регистарските таблички на спортскиот автомобил што се гледаат на снимката, а кој Генадиј го проценува на еден милион рубли (13670 евра), се добиени додека колата била обичен „Москвич 400“.

Прочитајте повеќе: Кој автомобил е подобар од „Москвич“: уникатен кабриолет од Сибир