
За љубителите на пожолтено лисје и советски раритети
Roma-UrracoАЗЛК е првата советска фабрика за автомобили кои своите сериски производи ги фарбаше во металик боја. Дури подоцна тоа почнаа да го прават и познатите фабрики ВАЗ и ГАЗ.

Модел АЗЛК 2140 сериски се произведуваше до јули 1988 година.
Roma-UrracoПрвите сериски автомобили во металик боја АЗЛК почна да ги произведува 1977 година.

Во текот на 1980-те металик бојата беше „научна фантастика“ за автомобилите од советско производство.
Roma-Urraco
Овој автомобил цело време бил гаражиран и затоа задните светла изгледаат како нови.
Roma-Urraco„Москвичите“ во сребрена металик боја беа голема реткост и во она време, а особено сега.

Металикот најмногу одеше во странство - во земјите кои увезуваа „Москвич“. Само помал број вакви автомобили доспеа на внатрешниот пазар на Советскиот Сојуз.
Roma-Urraco
Сребрестиот металик ги нагласува линиите на каросеријата на моделот 2140.
Roma-UrracoВи го претставуваме „Москвич 2140“ во фабричката боја „Снежна кралица“, т.е. сребреста металик (говорејќи со денешниот јазик). Автомобилот е произведен 1984 година, а во моментот кога е „откриен“ поминал само 15957 километри.

Командната табла по малк потсетува на стар „Порше“.
Roma-Urraco
Внатрашноста е идеално сочувана, небаре автомобилот вчера слегол од фабричката лента!
Roma-UrracoНа вратата на гепекот, на внатрешната страна, сочувани се дури и ливчињата со називот на бојата. Доколку може да им се верува, тогаш ова е боја на германската фирма Glasurit (дел од концернот BASF). Ова е голема реткост, затоа што сребрениот металик на „Москвичите“ во најголема мера беше од југословенско потекло и ѝ припаѓаше на фирмата „Хелиос“.

Три сочувани ливчиња со називот на бојата.
Roma-Urraco
Зачувана е и опремата која оди со „Москвич 2140“.
Roma-Urraco
Царство на црната пластика: просто и едноставно.
Roma-Urraco
Седиштата овде се поудобни отколку во автомобилите на фабриката ВАЗ.
Roma-UrracoОваа кола е купена на 27 декември 1984 година во киевската продавница „Автосалон бр.1“ на организацијата „Киевоблавтотехобслуживание“. Цело време била во сопственост на еден газда, и тоа многу педантен: зиме тој воопшто не ја возел колата и цело време ја чувал во гаража.

Вака изгледа оригиналната сервисна книшка.
Roma-Urraco
Едноставниот радиоприемник беше фабрички вграден.
Roma-Urraco
Во текот на 1980-те беше далеку полесно да се набави бензин 76 отколку високооктанскиот АИ-93 и затоа повеќе беше баран автомобил со мотор УЗАМ-412Д, а тоа е токму „Москвич 2140“.
Roma-Urraco
Потполно новиот акумулатор „Бош“ лесно го запали моторот на стариот „Москвич“.
Roma-UrracoПодетална информација за овој „Москвич 2140“ со ретка сребрена металик боја можете да видете во оваа видео-снимка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче