Кримски мост:Путин како професионалец седна зад воланот на КамАЗ, но зошто веднаш нагази до стотка?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
„Најдобриот претседател“, викаа насобраните. „Најдобрите луѓе“, врати Путин. А потоа внесе мали корекции: „Најдобрите градежници!“. Еве што репортерот на руски весник забележа на свеченостите по повод отворањето на Кримскиот мост.

„Владимир Путин слета на оној крај на мостот каде што немаше сцена, го сослуша министерот за транспорт Максим Соколови, размени два-три збора со возачите на камионите и на крајот самиот седна зад воланот на првиот во колоната КамАЗ. Сѐ правеше многу уверено и дури и се чинеше дека последниве години не се занимавал со ништо друго“, забележува дописникот на весникот „Комерсант“ Андреј Колесников. Потоа рече „пајехали“ и тргна.

„И веднаш разви брзина од 100 км на час, иако се договараа да не возат побрзо од 40“. Сѐ, се разбира, зависеше од возачот на првиот камион, потсетува новинарот. „Сега е важно да се сопре на време, си мислев, затоа што можеби и тренирале возење на камион, но тој тренинг се сведувал на палење на моторот и тргнување од место“, си мисли Колесников.

Снимено е секое движење на Путин, пишува новинарот. „Имаше десетина камери на мостот. Каналот „Русија 24“ директно ги пренесуваше свеченостите. Водителите на телевизиите ги повторуваа зборовите „голем“, „историски“, „грандиозен“... Организаторите навистина сакаа тој настан да биде голем и грандиозен“, пишува новинарот на „Комерсант“.   

Кога стигнаа до крајот на патот, Путин од сцената потсети дека мостот се обиделе да го изградат уште во царска Русија.

„Благодарение на вас се случи чудо“, им се обрати тој на присутните. А некој од публиката довикна: „Најдобриот претседател“.

„Најдобрите луѓе“, врати Путин. А потоа внесе мали корекции: „Најдобрите градежници!“.

Чекор по чекор: Еве како Путин го отвори Кримскиот мост