Владимир Путин разговара со градителите на Кримскиот мост на Нултиот километар во текот на отворањето на друмската делница на мостот.
Алексеј Дружинин/Sputnik15 мај 2018 година беше посебен ден за Владимир Путин. Тој тогаш го отвори најдолгиот мост во Русија кој го поврзува Кримскиот полуостров со „континентот“. Путин е првиот човек кој премина преку мостот долг 19 километри, возејќи голем портокалов камион (зашто му се може, а и да го тестира патот со големо возило).
Еве како изгледаше тоа – погледнете го секој чекор на Путин за време на отворањето на мостот.
Околу пладне претседателот стаса во центарот за координација на работата.
Време е за на пат – Путин излегува од центарот, ги поздравува работниците и возачите, им мавта...
...и влегува во камионот.
Кога Путин извикува „Одиме!“, камионите во колона свират и тргнуваат.
И возат...
...и возат. Сепак станува збор за 19 километри и потребно е извесно време да се стаса до другиот крај на мостот, дури и ако си Путин.
За време на возењето претседателот си муабетеше со Александар Островски (веднаш до Путин, човекот кој всушност го водеше целиот проект) и со неговиот колега. Интернет-корисниците дури и лансираа виц: „Немам поим кои се овие двајца, но сигурно се некои фаци: Путин им е шофер...“
Конечно стасуваат до целта каде Путин излегува од камионот со задоволен израз на лицето.
Потоа претседателот одржа кус говор за работниците и им честиташе за успехот. Но, нивната работа не е завршена. Железничкиот дел од мостот ќе биде отворен следната година. Сепак, голем чекор е направен, или како што рече Путин: чудото конечно стана стварност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче