Од Нева до Амур: 10 импресивни руски мостови

Global Look Press
Во Русија, најголемата земја на светот, има многу мостови. Постојано се градат нови мостови, а постојните им пркосат на немирните реки и на забот на времето. „Руска реч на македонски“ ги одбра 10 најимпресивни руски мостови. Некои се изградени неодамна, некои во советско, а два во царско време. Секој од нив е познат по нешто.

1. Најпознатиот подвижен мост

Global Look PressGlobal Look Press

Првото нешто што паѓа на ум во однос на руските мостови се подвижните мостови на реката Нева во Санкт Петербург. Овие градби стојат на фасцинантни насипи и пленат со интересниот империјален стил.

Дворски мост ги поврзува центарот на градот и Василевскиот остров. Претставува една од најголемите туристички атракции во градот. Туристи од цел свет до доцна во ноќта чекаат да се подигне мостот и да ги пропушти бродовите. Изграден е во 1916 година, долг е 250 метри.

2. Најдолгиот руски мост

Global Look PressGlobal Look Press

Реката Кама е најголемата притока на Волга и важен пат за пловидба. Пред да биде изграден мостот реката можело да се прејде само во текот на зимата, кога на нејзината површина ќе се нафатил дебел слој на мраз, а и тогаш била проодна само за автомобили со носивост до 5 тони.

Мостот е граден цела деценија, од 1992 до 2002 година. Нема некое посебно име, поминува покрај селото Сорочји Гори и претставува дел од автопатот R239, од Казањ до казахстанската граница. Долг е речиси 14 километри, од кои 1,6 км поминуваат преку реката Кама.

3. Најдолгиот висечки мост во Европа

Антон Денисов / РИА Новости Антон Денисов / РИА Новости

Овој мост е изграден на реката Москва, ги поврзува Проспектот „Маршал Жуков“ и популарната московска зелена област Серебрјани Бор. Долг е дури 1,5 километри, пуштен е 2007 година, а беа планирани и видиковец и ресторан во капсула на врвот на арката.

Главниот лак на најдолгиот висечки мост во Европа е висок 105 метри. Ова не е единствената особина на „Живописниот мост“.

Постоеја одредени проблеми со поврзувањето на ресторанот на лакот со системот за канализација. Наскоро би требало капсулата да биде трансформирана во сала за венчавки која ќе биде отворена кога ќе се инсталира посебен лифт.

4. Најголемиот мост во Азија

Фрајдберг / РИА Новости Фрајдберг / РИА Новости

Комуналниот мост преку реката Енисеј во Краснојарск е изграден 1961 година, за време на власта на Никита Хрушчов. Повеќе од две децении овој мост беше сметан за најдолг во Азија, сѐ до 1982 кога во Индија беше изграден мостот Ганди Сету, долг 5 километри.

Мостот е навистина импресивен, особено ако стоите под него, на енисејскиот насип. Исто така е оригинален и по својата железно-бетонска конструкција, тешка околу 1560 тони, а овековечен е на банкнотата од 10 рубли.

5. Најцрвениот мост

Ханти-Мансијск  / Legion MediaХанти-Мансијск / Legion Media

На големата сибирска река Иртиш, во градот Ханти Мансијск, подигнат е величествен мост. Поради неговата сложена метална конструкција во црвена боја, наречен е со крајно необичното име Црвениот змеј.

Овој мост долг 1,3 километри е дел од 2545 километри долгиот автопат низ Северен Урал и Западен Сибир, кој ги спојува градовите Перм и Томск. Ништо слично не постои во цела Русија. 

6. Најубавиот мост

 Legion Media Legion Media

Овој мост преку реката Ока, исто така притока на Волга, на официјален владин јавен конкурс е избран за најубавиот мост во Русија. Како втор на конкурсот е прогласен Црвениот змеј.

Титулата на најубав е поради главната препознатливост на овој мост – должината од 1,4 километри. Мостот е пуштен во 2009 година. Интересна карактеристика на мостот е и ефектот кој силниот ветар го произведува врз неговата конструкција, правејќи да изгледа дека мостот „пее“.

7. „Најрускиот“ мост

Алексеј Куденко / РИА Новости Алексеј Куденко / РИА Новости

Реплика на познатиот Голден Гејт во Сан Франциско е подигната во Владивосток. Изграден е 2012 година во текот на Самитот на АПЕК, кој собра 700 водечки деловни луѓе од азиско-пацифичкиот регион.

„Братот“ на познатиот мост од Сан Франциско се вика Руски мост, го поврзува Владивосток со островот Руски и преминува преку каналот Источен Босфор.

Мостот ќе биде прикажан на банкнотата од 2000 рубли, која би требало да биде пуштена во оптек кон крајот на годинава. Долг е преку 3 километри и е втор по височина на светот (324 метри), по виадуктот Милау (Millau Viaduct) во Франција, висок 343 метри. Ноќе мостот е осветлен во боите на руското знаме.

8. Најдолгиот пешачки мост

Михаил Мокрушин / РИА Новости Михаил Мокрушин / РИА Новости

„Sky Bridge” (Небесен мост) преминува преку Ашхтирската клисура и реката Мзимта, делува навистина застрашувачки, не само за оние кои шетаат, туку и за оние кои го гледаат одоздола. Со должина од 439 метри претставува најдолгиот пешачки мост на светот. Составен дел е од авантуристичкиот Skypark AJ Hackett во Сочи, изграден 2014 година, пред зимската олимпијада.

Овој авантурискички парк се наоѓа на патот за скијачкото одморалиште Краснаја Полјана. Паркот нуди и скокање со јаже, со кое можете да изведете скок од 207 метри.

9. Најсреќниот мост

Global Look PressGlobal Look Press

Милениумскиот мост е изграден 2005 година за 1000-годишнината на градот Казањ. Мостот е долг 835 метри и всушност претствува мост со носачи, а сајлите повеќе имаат декоративна функција, затоа што мостот не е толку долг за да има потреба од сајли.

Мостот сега е една од главните знаменитости на Казањ, а буквата М свети ноќе.

10. Најпризнатиот мост

Виталиј Белоусов / РИА Новости Виталиј Белоусов / РИА Новости

Хабаровскиот мост преку реката Амур, или како што локалното население го нарекува Амурското чудо, е најстариот на нашата листа. Идејното решение за мостот освои златен медал на Exposition Universelle, одржан во 1900 во текот на светскиот саем во Париз.

Мостот е свечено пуштен 1916 гоина и ги преживеа сите руски војни и револуции. Во времето кога е изграден претставувал најдолг мост во Евроазија и Африка.

Кон крајот на 90-те е реконструиран и сега е долг околу 4 километри. На него сега паралелно се одвива автомобилски и железнички сообраќај, а дел е и од Транссибирската железница. Го има на банкнотата од 5000 рубли.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња