Еве како Путин го отвори Кримскиот мост (гифови)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Претседателот на Русија го отвори мостот долг 19 километри кој ги поврзува Кримскиот полуостров со градот Таман и со остатокот од Русија, така што прв преку него помина возејќи камион. Погледнете како изгледаше тоа во гифови.

15 мај 2018 година беше посебен ден за Владимир Путин. Тој тогаш го отвори најдолгиот мост во Русија кој го поврзува Кримскиот полуостров со „континентот“. Путин е првиот човек кој премина преку мостот долг 19 километри, возејќи голем портокалов камион (зашто му се може, а и да го тестира патот со големо возило).

Еве како изгледаше тоа – погледнете го секој чекор на Путин за време на отворањето на мостот.

Чекор по чекор

Околу пладне претседателот стаса во центарот за координација на работата.

Време е за на пат – Путин излегува од центарот, ги поздравува работниците и возачите, им мавта...

...и влегува во камионот.

Кога Путин извикува „Одиме!“, камионите во колона свират и тргнуваат.

И возат...

...и возат. Сепак станува збор за 19 километри и потребно е извесно време да се стаса до другиот крај на мостот, дури и ако си Путин.

За време на возењето претседателот си муабетеше со Александар Островски (веднаш до Путин, човекот кој всушност го водеше целиот проект) и со неговиот колега. Интернет-корисниците дури и лансираа виц: „Немам поим кои се овие двајца, но сигурно се некои фаци: Путин им е шофер...“

Конечно стасуваат до целта каде Путин излегува од камионот со задоволен израз на лицето.

Потоа претседателот одржа кус говор за работниците и им честиташе за успехот. Но, нивната работа не е завршена. Железничкиот дел од мостот ќе биде отворен следната година. Сепак, голем чекор е направен, или како што рече Путин: чудото конечно стана стварност.

Еве како Путин ја отвори друмската делница на Кримскиот мост