Козата наречена Забијака, која живее во зоолошката во Самара, претскажа кој ќе го освои Светското фудбалско првенство во Русија. Животното доби неколку чинии со храна и знаме на учесничките на Мундијалот-2018.
Забијака без колебање ја избра чинијата со белгиското знаме. Потоа малку касна и од „француската“. Според официјалниот ждреб, сосема е можно двете земји да се сретнат во финалето.
Забијака е претскажувач на кој може да му се верува. Таа правилно ги предвиде резултатите од неодамнешните фудбалски натпревари на Русија со Франција и Бразил.
Единаесет руски градови ќе бидат домаќини на фудбалските натпревари од 15 јуни до 15 јули. Кликнете овде за да ги прочитате сите наши материјали поврзани со Мундијалот што ќе се одржи годинава во Русија.