Сплав-ресторан полн со луѓе се одвои од брегот на Волга и заедно со мразот отплови по реката

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во Самара на Волга два сплава се откачија од брегот и заедно со мразот отпловија низводно.

Како што се соопштува од филијалата на ЦСКА во Самара, едниот сплав припаѓа на ова спортско друштво, а другиот на ДОО „Ековолга“.

Во моментот кога се откачи пловилото во ресторанот имаше многу луѓе. Меѓутоа, во операцијата за спасување двата брода кои за таа цел беа ангажирани успешно ги довлекоа сплавовите до брегот, така што никој не беше повреден.

На брегот на Волга насобраните граѓани внимателно го следеа ненадејното патешествие на „Старото пристаниште“ и објавуваа фотографии и видеоснимки на социјалните мрежи.

Од службата за односи со јавноста на ЦСКА Самара велат дека причина за инцидентот можело да биде тоа што мразот што се движеше по површината на реката низводно налетал на леден чеп што го формирало пловилото на „Ековолга“. Везовите не издржале и сплавот запловил по реката.

Погледнете го видеото: Необичен рафтинг на одвоена санта мраз во Русија