Група од 15 млади образовани Руси кои во текот на работната недела се максимално ангажирани, во слободното време организираа необично сплаварење по Дон на исечена санта мраз.
Желни за возбуда првин се впуштија во правење на „сплав“ така што настојуваа од реката да го исечат најголемото можно парче мраз, околу 10 на 10 метри. Откако две од трите моторни пили им „цркнаа“ во таа работа, им остана да го довршат тоа со секири. Но целиот тој вложен труд вредеше за авантурата во која се впуштија во текот на наредните пет часа пикникување и сплаварење по Дон.
На сплавот сместија чамци, шатор, дрва за оган. Остварија речиси сѐ што планираа освен идејата за парна бања, иако водата во кадата успеаја да ја згреат до 30 степени и потоа се капеа со песна и свирка на гитара и хармоника. Уште и рибареа, печеа крап на оган за вечера и возеа вејкборд на чамецот.
Правници, економисти и инженери од Воронеж кои имаат меѓу 25 и 30 години, со искуство од слични авантури стекнувано од 2015 година, го очекуваа она што им се случи во текот на необичното патување. Нивниот сплав, имено, се распадна на неколку помали санти мраз, па на крајот стигнаа до дестинацијата на две мали парчиња мраз.
Тие прибегнаа кон најновата авантура што ја практикуваат веќе неколку години од почетокот на февруари, а видеоснимките првенствено од квадрокоптер и смартфони ги поставија на интернет деновиве.
На крај Богдан Корженевски, еден од членовите на друштвото, им одговори и на бројните коментатори на социјалните мрежи кои им замеруваа дека им даваат лош пример на младите луѓе и дека би било подобро да работата нешто, така што им објасни дека повеќето од нив се занимаваат со сериозни работи и имаат семејство.
„Мене лично да се занимавам со спорт и да одам на патувања ме инспирираа некои видеоспотови што ги видов. Така што сѐ е работа на перцепција. Ако без многу размислување се обидете да го повторите она што другите го прават, тогаш тоа може да заврши многу лошо. Но ако најдете инспирација во тоа, на пример, да станете од компјутерот и да излезете од дома, тогаш тоа е одлична работа. Меѓутоа, секако дека не треба слепо да го повторувате она што го направивме ние“, предупреди тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче