Во Киренскиот реон на Иркутската област трактор тежок 25 тони кој се обидувал да извлече од водата автодигалка „Урал” пропадна во мразот на реката Лена. Автодигалката се обидувала да извлече булдожер со 20 тони гориво кој претходно пропаднал во мразот, но притоа и таа завршила во водата.
Прес-службата на Министерството за вонредни состојби на РФ ја нарече „необична одлуката“ на припадниците на штабот за отстранување на последиците од несреќата, кои одбиле да ја премостат водената површина и да ја извлечат техниката со помош на вител.
„Локалните власти едноставно ги игнорираа препораките на Министерството за вонредни состојби за интензивирање на борбата против илегалните премини преку мраз кои претставуваат опасност за човечките животи. И покрај тоа што во Киренскиот реон е прогласена недела на безбедност на водните објекти, очигледно е дека таа има формален карактер“, соопшти Министерството за вонредни состојби.
Ноќта меѓу 10 и 11 јануари потона булдожер, чиј возач успеа да се спаси. На помош му пристигна автодигалка која потоа исто така пропадна во мразот и падна врз булдожерот. Ноќта меѓу 14 и 15 јануари пристигна трактор ДТ-75 кој му припаѓа на локалната земјоделска фарма и исто така пропадна во мразот, а возачот не успеа да се спаси.
„Останува отворено прашањето дали локалните власти ќе успеат да ја потопат сета тешка техника во реонот пред да го послушаат апелот на припадниците на Министерството за вонредни состојби за сериозно да се позанимаваат со прашањата за безбедност на водните објекти“, додава руското Министерство за вонредни состојби.
Погледнете како два багера и пет автомобили заглавија во кал влечејќи „Лада Нива“
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче