Како што нагласи тој, засега не е донесена одлука дали новиот автомобил ќе биде користен на церемонијата за инаугурација на претседателот која е закажана за 7 мај, пренесуваат руските медиуми.
Запрашан како понатаму ќе биде користен новиот автомобил, Песков потврди дека возилото полека ќе влегува во употреба при извршувањето на претседателските должности на Владимир Путин.
Проектот „Кортеж“ предвидува производство на линија автомобили за високите државни функционери на единствена модуларна платформа во каросерија на лимузина, седан и минивен.
Министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров најави минатата година дека лимузините од проектот „Кортеж“ ќе излезат од производство за инаугурацијата на избраниот претседател на Русија и дека шефот на државата треба да пристигне на церемонијата во тој автомобил.
На почетокот на оваа година автомобилите од проектот „Кортеж“ беа доставени во Гаражата со посебна намена во Кремљ, кога почна и нивното испробување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче