Почна асфалтирањето на друмскиот лак на Кримскиот мост, сообраќајот ќе биде пуштен наредниве месеци

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Почна поставувањето на асфалтот на друмската конструкција на лакот на Кримскиот мост, соопшти информативниот центар „Кримски мост”.

„Површината на асфалтниот дел на патот на лакот е релативно мала: околу 4,5 илјади квадратни метри. Така што за поставување на долниот слој на асфалтот ни се потребни околу пет-шест часа. Потоа правиме пауза од два-три дена за повторно за пет-шест часа да го поставиме горниот слој на асфалтот“, објаснува заменик-генералниот директор на компанијата „СГМ-Мост” Дмитриј Кондаков.

Се наведува дека градителите на конструкцијата на лакот на мостот поставиле 14 столбови за осветлување, а на надворешните сообраќајни ленти – огради. Кога овој дел на мостот ќе биде асфалтиран, градителите ќе монтираат ограда и меѓу лентите.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави дека друмскиот сообраќај преку Кримскиот мост ќе биде пуштен наредниве месеци.

„Наредниве месеци ќе биде пуштен друмскиот сообраќај преку Керченскиот теснец. А до крајот на годинава автопатот од Керч до Севастопол“, изјави Медведев во обраќањето до Државната Дума.

Прочитајте повеќе за посетата на Путин на Кримскиот мост: Се надева на првите автомобили веќе во мај