Организаторите на центарот за сместување на Светското првенство 2018 по телефон ќе им помогнат на навивачите и туристите од различни земји да најдат места за сместување за време на шампионатот, се вели на веб-страницата на Градското собрание на Москва.
Преку овој сместувачки центар луѓето кои доаѓаат во Москва ќе најдат информации за достапноста на хотелските соби и ќе можат да изберат соодветно сместување.
Операторите на центарот зборуваат пет јазици: руски, англиски, француски, кинески и германски.
Центарот користи посебна информативна база со повеќе од 6000 хотелски соби во Москва. Наскоро и хотелите од московскиот регион ќе бидат дел од системот. Центарот може да се контактира преку телефонскиот број +7 (800) 350-51-12.
Прочитајте повеќе: Москва ги чека навивачите: Користењето на метрото за време на Мундијалот ќе биде многу едноставно