Седумгодишна Русинка стана „Мини мис универзум“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Виолета Голикова од Владивосток сонува за успешна кариера во светот на модата.

Седумгодишната Виолета Голикова од Владивосток (9000 километри источно од Москва) стана новата крунисана „Мини мис универзум” откако победи на натпреварувањето во убавина организирано од „Universe Beauty”.

Мајката на Виолета вели дека нејзината ќерка посетува училиште за модели од 2015 година и дека неодамна учествувала на натпреварот за „Мини мис Владивосток 2018”, по што добила повик да дојде во Виетнам со тоа што сите трошоци ќе ѝ бидат платени.

Виолета сонува еден ден да прошета на модната писта на Париската недела на модата и да соработува со најпознатите светски дизајнери.

Прочитајте повеќе: Руско 6-годишно дете-модел прогласено за „најубаво девојче на светот“