Извор: РИА Новости
Русите се гордеат со балетот во истата мера како и со освојувањето на космосот, и за тоа не е мора да се оди на претстави – само 3% од оние што одат на театар претпочитаат балет (според анкетата на Фондот „Jавно мислење“ во април 2014 година). Во советско време конкурсот за запишување во школа за кореографија одеше до 100 луѓе за едно место. Но, и денес популарноста на балетот е многу голема. Веќе од 2.5 години се примаат сите заинтересирани во школата на Илзе Лиепа, раскажува сосновачот на школата Марија Суботовскаја.
„Ништо не го воспитува телото така како балетот. Часовите со музика со концертмајсторот го учат детето на вкус за класична музика. Сите движења се хармонични и убави. Тие го формираат телото, особено неговото држење“.
Природата заповеда
Во странство класичниот руски балет асоцира на водечките театри во Русија - Бољшој и Мариински, каде танцуваат претежно оние што завршиле на Московската државна академија за кореографија и Академијата „А.Ј. Ваганова“. Речеси невозможна е специјална подготовка за запишувањето на нив: посебна улога играат природните особини – еластичност на телото, кревање, скок, музикалност, строгата селекциjа се врши на оваа етапа.
„98% деца се занимаваат со балет аматерски, можеби тие би сакале да одат понатаму, но малите sвезди се реткост. Да се подигне такво дете е напорна и прецизна работа, - вели Марија Суботовскаја. – Нашата школа постои 8 години и за тие години само 5 девојки успејаа да се запишат во Московска државна академија за кореографија“.
Инаку светско познатите руски балерини Ана Павлова, Галина Уланова или балетскиот солист Рудолф Нуреев немаа истакнати физички способности. Затоа педагози-кореографи со искуство велат дека тоа не е најважно.
„Ако детето има желба и стремеж, тоа многу чини. Часовите кои се посетуваат под притисок не даваат резулатати, - продолжува Суботовскаја. – Важен е карактерот, дисциплината, а физичките особини се поправуваат ако се вложи напор. Кога детето ги има секогаш им го соопштуваме тоа на родителите и ако се согласуваат, повеќе се занимаваме со детето и се трудиме балетот да стане главна насока во неговиот живот“.
Помалку од 5% стануваат солисти на балетот
38-годишната Наталија Мостоваја во минатото беше балерина. Секојдневните повеќечасовни вежби, а што е уште поважно големата желба, ја доведоа девојката од Украина во Москва. По годините на студии, обидите да влезе во водечките трупи, по учествувањето во циркуски претстави, Наталија на 30 години реши да предава. Сега таа е директор на балетската школа Ribambelle и им предава на децата без никакво сожалување, одлуката да танцува беше само нејзиниот избор.
„Често родителите не ја разбираат спецификата на професијата и одлучуваат дека нивното дете мора да танцува, а детето нема ни желба ни способности, и оттука започнуваат проблемите. Ако родителите ги притискаат и принудуваат – судбината на детето ќе биде скршена. Дури и меѓу оние што завршуваат балетска академија само 5% доаѓаат до добра трупа, а уште помалку стануваат солисти“.
Посебно жестока конкуренција е меѓу балерините, момчињата во балетско училише се голема реткост. На пример школата Илзе Лиепа постои од 2006 година и за тоа време во неа учеле не повеќе од 15 момчиња. Мажите порационално се однесуваат во врска со прашањето за професија, а за повеќето артисти во балетот кариерата завршува без да започне.
„Ако не сте успеале до 23 години, треба добро да размислите што ќе биде понатаму, - вели Наталија Мостоваја. - Во повеќето случаи стануваат педагози, се мажат или стекнуваат второ образование. Кај балетските артисти векот не трае долго, веќе на 38 години одат во пензија“.
Често резултатот не ги покрива потрошеното здравје, пари и време, на пример, во Москва три часа месечно чинат околу 500 американски долари.
17% од децата кои посетуваат секции избираат танц
Алтернатива на детските балетски училишта се секциите за танц, кои во Москва ги има неколку илјади и многу од нив се бесплатни. Според податоците на Серускиот центар за истражување на јавното мислење од мај 2012 година, 61% од Русите чии деца се занимаваат со дополнителни активности, 17% избираат имено танци (второто место по спортските секции). Но, децата ретко ги претвораат во своја професија. Московјанката Ала Кремлева 10 години им има посветено на танците, на 16 се запишала на универзитет и сега раководи со одделот за предучилишно и основно образование на компанијата „Нов диск“.
„Тоа беше огромно задоволство, живеев од час до час, танцував дури и дома, повторував движења, учев по видео. Потоа се здобив со повреда која не ми дозволи да го зголемам интезитетот на вежбите и да се подигнам на повисоко ниво, иако имав желба. Сега размислувам да ја запишам ќерка ми на танц“.
Не обрнувајќи внимание на тешкотиите, децата сѐ уште сакаат да се занимаваат со уметност: 16,4% од децата на возраст од 5 до 6 години се приклонуваат на уметничка специјализација, тука влегува и балетот (податоци на Фондот „Децата на светот“ од мај 2013 година).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче