Странски туристи се фотографираат на Црвениот плоштад.
Михаил Џапариѕе/ТАССВо текот на првите шест месеци на оваа година во споредба со соодветниот период лани, бројот на кинески туристи кои ја посетиле Русија е зголемен за три пати. Кинезите ги привлекува историјата на Советскиот Сојуз, како и чудната мешавина од црвената носталгија и луксузното трошење, пишува германски „Шпигел“.
Кинеските туристи во Русија одат по трагите на Ленин, па така, тие ја посетуваат неговата родна куќа во Улјановск, универзитетот во Казањ, Санкт Петербург, каде се одиграла Октомвриската револуција во 1917 година и мавзолејот на Црвениот плоштад покрај ѕидините на Кремљ, пренесува „Взгљад“.
Многумина Кинези се запознаа со Советскиот Сојуз уште во педесеттите години од минатиот век, па имаат впечаток дека доаѓаат во посета на оние со кои имаат многу заеднички нешта, нагласува основачот на истражувачкиот центар China Outbound Tourism во Хамбург Волфганг Арлт.
Наредните пет години Русија може да очекува уште поголем прилив на кинески туристи. Покрај парите и историјата, за нив е важно и тоа што во Русија се чувствуваат безбедно, смета овој експерт за Кина.
Западна Европа, како што нагласува тој, ги потсетува кинеските туристи на вестите за мигрантската криза, терористичките напади и уличните грабежи.
Според податоците на „Ростуризм“, во 2015 година туристите од Кина потрошиле во Русија повеќе од две милијарди долари.
Во март „Ростурузм“ ги повика руските региони да се вклучат во проектот на прифаќање на кинеските туристи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче