Почина конструкторот на оружје Виктор Калашников, син на легендарниот Михаил Калашников

press photo
Во текот на развојот и тестирањето на автоматската пушка „Калашников“ Виктор Калашников спроведе мноштво истражувања и откри бројни фактори кои влијаат на сигурноста и трајноста на оружјето.

Виктор Kaлашников, син на легендарниот Михаил Калашников, е роден на 16 јули 1942 година. По завршувањето на Ижевскиот машински институт во 1966 година работи во одделението на главното конструкторско биро за развој на нови производи на Ижевската фабрика за машиноградба.

Има развиено низа компоненти и делови на нивo на пронајдоци, учествува во развојот на автоматските ловечки карабини, има работено на блокадата на ударната игла за карабинот „Медвед-3“, учествува во создавањето и спроведува тестирања на неколку модели на пушкомитралезот „Калашников“, неговите тимови ги создадоа автоматските пиштоли „Бизон 2“ и „Витез СН“.

Прочитајте повеќе за феноменот наречен Калашников

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња