Ноќта на 23 март на недоградената (од 1980-те години!) ТВ-кула во Екатеринбург се искачија луѓе кои се против нејзиното рушење, таканаречените „руфери“, млади луѓе кои сакаат да го минуваат времето на покривите. На кулата се искачија најмалку четворица руфери, останатите ги запре обезбедувањето. Еден од оние кои успеаја до врвот потоа скокна од кулата со падобран.
Донат Сорокин / TASS
Активистите поминаа на врвот повеќе од седум часа, пренесуваат локалните медиуми. Руферите планираа да останат таму со денови, но времето е лошо, вее снег и студено е, а обезбедувањето им одзеде сѐ што понесоа со себе за да „престојуваат“ на покривот на кулата.
Донат Сорокин / TASS
Недоградената ТВ-кула според планот ќе почнат да ја уриваат на 24 март во 9 часот наутро за да на истото место се изгради спортска арена за хокеарскиот клуб „Автомобилист“.
Донат Сорокин / TASS
Вечерта на 22 март неколку стотици жители на Екатеринбург учествуваа во акцијата „Прегрни ја ТВ-кулата“ и направи прстен долг еден километар.