Путин ќе излезе на мразот со хокеарската репрезентација на Русија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Русија Владимир Путин по Светското првенство во хокеј, кое ќе се одржи во Данска од 4 до 20 мај, ќе одигра натпревар со екипата на „Краснаја машина“ (што е популарниот назив за хокеарската репрезентација на СССР, а потоа и на Русија). Ова го соопшти олимпискиот првак Вјачеслав Фетисов.

„Мислам дека тоа веројатно ќе го организираме во рамките на ноќната лига. Ние инаку често играме заедно. Зависи од обврските што ги имаат момците. Сите тие сега се во плеј-офот (на Континенталната хокеарска лига), а потоа ќе имаат подготовки за Светското првенство. Мислам дека можеме да се сретнеме после тоа“, одговори Фетисов на прашањето кога рускиот претседател ќе игра со хокеарите.

По церемонијата на врачување на наградите на олимписките победници на 28 февруари во Кремљ хокеарската репрезентација го повика Путин заедно да играат хокеј, што рускиот претседател го прифати со задоволство.

Пoгледнете како Путин игра хокеј