Путин даде гол на гала натпревар на Ноќната хокеарска лига во Сочи

Целта на Ноќната хокеарска лига, основана по иницијатива на рускиот претседател Владимир Путин, е да го привлече возрасното население да се занимава со спорт, да го популаризира хокејот на мрази да формира заедница на љубители на хокеј која ќе ги обедини сите региони во Русија.

Претседателот на Русија Владимир Путин на 10 мај учествуваше во гала натпреварот на Ноќната хокеарска лига во Сочи. Путин даде еден гол и имаше две успешни асистенции.

Рускиот претседател излезе на мразот во состав на екипата „Ѕвездите на НХЛ“ (Ѕвездите на Националната хокеарска лига), која играше против тимот на „Репрезентацијата на НХЛ”. Натпреварот заврши со резултат 9:5 (3:0, 3:2, 3:3) во полза на екипата на претседателот на Русија, пренесува РИА „Новости”.

Претседателот Путин повеќепати има учествувано во натпреварите на Ноќната хокеарска лига. Минатата година на 7 октомври тој го прослави својот роденден во составот на екипата на „Ѕвездите на НХЛ“ и даде седум голови.

Ноќната хокеарска лига е основана во 2011 година по иницијатива на Владимир Путин и со поддршка на ветераните на рускиот хокеј. Нејзината цел е да го привлече возрасното население да се занимава со спорт, да го популаризира хокејот на мрази да формира заедница на љубители на хокеј која ќе ги обедини сите региони во Русија.

Дел од настапот на Путин можете да погледнете овде.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња