Во Русија при полетување на авион испаднаа тони злато

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Дали некогаш сте виделе аеродромска писта опсипана со злато? Токму така на 15 март изгледаше аеродромот во Јакутск (8000 километри од Москва).

За време на полетувањето транспортен авион Ан-12 изгуби еден од капаците на вратите поради што скапоцениот метал испадна на пистата. Според првичните податоци, пронајдени се 172 златни прачки тешки околу 3,4 тони.

Според податоците на локалната агенција YakutiaMedia, авионот превезувал злато, дијаманти и платина. Скапоцениот товар со вкупна тежина од 9 тони вреди повеќе од 330 милиони долари.

По инцидентот авионот се врати на аеродромот. Полицијата ја обезбеди пистата и спречи неовластено влегување на луѓе.

Погледнете го видеото за огромниот рудник во „дијамантската престолнина“ на Русија