Каде ги чува Русија своите резерви на злато?

Владимир Веленгурин
Дали сакате да дознаете како изгледа главниот трезор на Централната банка на Русија? Погледнете ги овие ексклузивни фотографии!

Во трезорот на Централната банка на РФ во моментов има повеќе од 1800 тони злато и според тој показател Русија е на шестото место во светот. Сега можеме да го видиме тоа богатство благодарение на новинарите на весникот „Комсомолскаја Правда“, првите претставници на медиумите кои го посетија главниот трезор ЦБ на РФ.

Вистина, ги нема оние пирамиди од златни прачки на кои сме навикнати од филмовите. Но ни ова е здодевен призор.

Залихите на злато во руските девизни резерви достигнаа 2017 година 17%, а пред само 10 години беа 3%.

Прачките тешки по 12-13 килограми внимателно се чуваат во решеткасти контејнери (20 прачки во секој контејнер). Секој контејнер се пломбира.

Прачките имаат чистота од 99,95 до 99,995. и на секоја стои жиг кој говори за нејзиното потекло, тежината и чистотата на златото.

Пазарната вредност на златото се менува постојано. Во моментов една прачка чини 550000 долари. А цел контејнер околу 10 милиони долари!

Вработените имаат тешка работа – на носат прачки тешки по 13 килограми. Освен тоа, тие мораат да почитуваат голем број правила и да бидат многу внимателни со прачките.

Една од нивните задачи е да ја мерат тежината на прачките. Масата за мерење тежина е преслечена со платно како маса за билјард. Тоа ги штити прачките од гребнатини и други оштетувања.

Вработените не велат дека работат со злато туку со метал. И лесно е да се претпостави зошто, ако поминете многу време во трезорот, златото го губи сјајот... сепак, тоа е само метал.

Прочитајте повеќе: Земјите од БРИКС инвестираат во руското злато

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња