Извор: Getty Images / Fotobank.
Купување злато
Русија изби на шестото место во светот според златните резерви, Вкупниот обем изнесува 1094,7 тони, се наведува во истражувањето на „World Gold Council“ (WGC). На тој начин Русија успеа да ја истисне Кина, чии резерви на злато останаа на истото ниво како и во претходниот квартал – 1054.1 тони.
„Причините според кои се раководи Централната банка на Русија кога ги зголемува резултатите на злато се сосема очигледни – рускиот регулатор го намалува ризикот од можните санкции и ги диверзификува своите улоги“, вели Павел Симоненко, директор за продажба во земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД) на „Dukascopy Bank SA“. Според него, поради опасноста од можните санкции на девизните операции во долари и во евра Централната банка ќе продолжи со диверзификација на активите, така што уделот на злато во вкупниот обем резерви веќе до крајот на годината би можел да порасне на 15%. „Централната банка на тој начин сака да обезбеди резерви во случај да се влоши политичката ситуација, а освен тоа златото е заштитна актива – во атмосфера на сè посериозно исчекување на вториот бран светска криза, вложувањето средства во вакви инструменти се чини мошне актуелно“, вели експертот.
Овој процес [откажување од американската валута во Русија] ќе продолжи, а сосема е веројатно дека следниот чекор на рускиот регулатор ќе биде постепено напуштање на американските државни обврзници.
Антон Сороко, ФИНАМ
Според податоците на WGC за половина година Русија ги зголемила своите резерви за 54 тони – ова е најголем пораст меѓу сите земји. За споредба, Казахстан во истото време има купено 12 тони злато, Мексико набавил 0.8 тони, а Филипини 0.2 тони. Од друга страна, лидерите во златните резерви (САД, Германија, Италија, Франција и Шпанија) не купувале злато. Згора на тоа, Германија за половина година има продадено 2.9 тони злато.
Поради сево ова, според официјалните податоци на руската Централна банка, уделот на странски валути во резерви е намален од 90 на 87.5% за половина година. „Зголемувањето на златните резерви на Русија, според наше мислење, е поврзано со промената на структурата на девизни резерви. РФ го намалува обемот на вложување во американски обврзници, во долари и во евра“, се согласува главниот аналитичар на UFS IC Алексеј Козлов. Според него, во моментот кога Европската централна банка и Системот на федерални резерви на САД спроведуваат исклучително мека монетарна политика, односно ја намалуваат вредноста на својата валута, а геополитичкиот ризик е на високо ниво, логично е уделот на злато во девизните резерви да се зголемува.
Општа тенденција
Земајќи ја предвид целата ситуација, според експертот, тенденцијата на пораст на уделот на злато со висока волатилност на девизниот пазар и со либералната кредитно-парична политика што доминира во водечките земји кои ја емитуваат валутата“, вели Дмитриј Беденков, началник на аналитичкото одделение на ИК „Рус-Инвест“. Според него, во земјите во развој со изразена извозна ориентација, девизните резерви се состојат претежно од девизни активи. На пример, во Кина уделот на злато изнесува само 1% во Индија 7%, во Русија 10%, во Јапонија 3%, во Саудиска Арабија 2%, а во Бразил помалку од 1%. „На другиот крај се наоѓаат земјите во кои уделот на злато е голем и доминантен. На пример, во САД уделот на злато изнесува 72%, во Германија 68%, во Франција 65%, објаснува Дмитриј Беденков. Затоа, според него, порастот на златните резерви претставува позитивен тренд од гледна точка на поголемата диверзификација на структурата на резерви и на нивната стабилност.
Освен зголемувањето на уделот на златото во структурата на резервите на земјите во развој се истакнува општата преориентираност на руската економија од долар на алтернативни активи. „Процесот на откажување од американската валута во Русија добива на сила – тоа се гледа и по политичките одлуки и по потезите на најголемите економски агенти“, вели аналитичарот на инвестицискиот холдинг ФИНАМ Антон Сороко. На пример, според него, рускиот мобилен оператор „Мегафон“ и најголемиот светски производител на никел „Нориљски никл“ веќе ги префрлија своите оперативни средства во хонгконшки долар. „Овој процес ќе продолжи, а сосема е веројатно дека следниот чекор на рускиот регулатор ќе биде постепено напуштање на американските државни обврзници и прераспределба на ослободените средства надвор од јуриздикцијата на европските земји“, смета експертот. Сепак, според него, овој чекор ќе биде логичен само во случај доколку сегашната криза во Украина продолжи да се заострува, и доколку односите помеѓу Русија и Европската Унија не се подобрат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче