Околу 250 автомобили неодамна учествуваа во флешмоб во градот Хабаровск на Далечниот Исток на Русија. Возачите направија половина лице на рускиот претседател и го снимија настанот со дрон, објави порталот Tjournal.
„Одамна планиравме да направиме нешто сложено, особено портрет. На крајот се решивме за претседателот“, вели Вјачеслав Шемпелев, организатор на флешмобот.
Првично требало да учествуваат поголем број на автомобили, со оглед дека 250 возила биле доволни само за половина слика.
Минатиот мај хабаровските возачи организираа флешоб по повод Денот на Победата со учество на 521 автомобил, а летово планираат да направат уште едно „автомобилско” ремек-дело и постават уште еден рекорд.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче