Владимир Путин и рускиот хокеар Кирил Капризов
ReutersПризнанија добија вкупно 46 спортисти.
„Покажавте најдобри и човечки особини. Ние добро знаеме колку беше тежок тој маратон. Лизгачките го израдуваа целиот свет со филигранската техника и досегнаа недостижни висини. Огромен поклон е златото на хокеарската репрезентација. Нашата хокеарска екипа нѐ натера на возбудувања, но и победи. Руската скијачка школа ги враќа своите позиции во светот“, рече претседателот на руската држава.
Владимир Путин истакна дека и покрај сите потешкотии и проблеми Игрите донеле нови херои во многу спортови, но и дека благодарение на новонастанатата ситуација се дошло до многу заклучоци. Тој додаде дека државата ќе продолжи да им дава правна поддршка на спортистите, но и дека системот за борба против допингот станал разбирлив и транспарентен.
Тој, исто така, осврнувајќи се на зборовите на хокеарот Павел Дацук, истакна дека рускиот карактер никако не може да се одземе и дека спортистите го покажале тоа со своите постапки и односот спрема работата и државата. Како што нагласи тој, руските олимпијци кај сограѓаните го разбудија чувството на гордост, споменувајќи го, меѓу другото, сега веќе легендарното пеење на руската химна на церемонијата на врачување на медалите на хокеарите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче