Уште еден турист исчезна без трага на кобниот превој Дјатлов

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Александар Андреев од Екатеринбург се упатил пред трине дели во поход на ноторниот Превој Дјатлов на Северен Урал, каде на времето под неразјаснети околности исчезна група туристи, и оттогаш му се губи секаква трага. Младичот не одговара на телефонските повици, ниту пак има каква било информација за него.

Членови на одредот за пребарување и спасување од градот Ивдељ изјавија за URA.ru дека турист со тоа име и презиме не се пријавил. Неговото име им е познато само врз основа на обраќањето на роднините кои барале помош.

Деветмина туристи ноќта меѓу 1 и 2 февруари 1959 година на Северен Урал ги загубија животите под неразјаснети околности. Групата ја предводеше дипломецот на Уралскиот политехнички институт Игор Дјатлов по кого тоа место е наречено Превојот Дјатлов.

Туристите, наводно, како што соопшти истрагата, среде ноќ го исекле шаторот и побегнале во шумата без облека и обувки. Шестмина измрзнале, а тројца се здобиле со смртоносни повреди. Причините за трагедијата се сѐ уште неразјаснети.

Во септември минатата година е забележан последниот несреќен случај кога еден турист ненадејно почина.

Прочитајте повеќе за мистеријата за страшната смрт на групата на Дјатлов