Експедиција ќе го бара точното место на загинувањето на групата на Дјатлов

Уралските планините се познати по многубројните мистериозни приказни, како таа за загинувањето на групата на Дјатлов.

Уралските планините се познати по многубројните мистериозни приказни, како таа за загинувањето на групата на Дјатлов.

Сергеј Макурин
На 1 август, на преминот „Дјатлов“, каде зимата 1959 година под мистериозни околности загина група туристи, ќе замине уште една експедиција. Таа ќе го бара местото каде се случила трагедијата, но општоприфатеното, туку она, кое не фигурира во официјалните документи.

Раководителот на Фондот за спомен на групата на Дјатлов Јуриј Кузневич смета дека за тоа постојат сите предуслови. „Во процесот на истражувањето многу од учесниците дојдоа до заклучок дека местото на загинувањето на туристите било друго, не она кое е наведено во кривичната истрага“, изјави тој, пренесува „Росијскаја газета“.

Бидејќи, според неговата теорија, смртта на туристите била предизвикана од експлозија, каде се случило и во кој дел на тајгата можат да укажат некои зачувани од времето траги - срушени дрвја, голи места. Нешто што природата не можела да го залечи ниту за 58 години. На пример, како во случајот со метеоритот од Тунгузија, кој падна во Сибир во јуни 1908: местото во тајга е видливо дури и сто години подоцна.

За истражување на теренот на подрачјето на преминот ова лето ќе бидат користени квадрокоптери и детектори за метал. Со помош на детекторите, конретно, се планира да се најдат артефакти на местото каде што престојувала групата на Дјатлов, доколку тоа го откријат дроновите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња