Делницата на Големата кружна линија од станицата „Деловој ценр“ до станицата „Петровски парк“ е долга 10,5 километри, а вкупната должина на оваа втора московска кружна линија на метрото изнесува 61 километар, пренесува „Мослента“.
Линијата ќе има 32 станици и 17 вкрстувања со другите линии на метрото. Планирано е изградбата на Големата кружна линија да заврши 2020-2021 година.
Кон крајот на декември градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин најави дека оваа подземна структура на московското метро ќе го добие називот „Голема кружна линија“ („Большая кольцевая линия“).
Претходно заменик-градоначалникот на Москва за прашања на московската градежна политика Марат Хуснулин соопшти дека градските власти летото 2018 година ќе ја разгледуваат можноста за создавање нови линии кои ја пресекуваат кружната линија на метрото.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче