Новогодишен подарок од московското метро: Подземно лизгалиште

Avilov Alexandr/Moskva Agency
Лизгањето ќе биде бесплатно и ќе трае до 10 јануари. Исто така, професионални лизгачи ќе приредат претстава.

Во московското метро се отвори лизгалиште на преминот помеѓу станиците „Ленински проспект“ и „Плоштадот Гагарин“. Лизгалиштето е покриено со вештачки мраз и е со големина од 200 квадратни метри.

„Решивме да им дадеме необичен подарок на нашите патници – синтетичко лизгалиште“, изјави Јулија Темникова, заменик-шеф на московското метро, која е одговорна за развој на услуги за клиентите.

Како добредојде за аматерските лизгачи, метрото планира шоу во кое професионалци ќе ги импресионираат патниците со своите вештини.

Ова необично лизгалиште ќе остане отворено до 10 јануари, а работното време е од 10 до 22 часот секој ден, освен на 31 декември, кога лизгалиштето ќе се затвори во 21 часот, а на 1 јануари ќе биде отворено во 11 часот.

Прочитајте  која е новата руска ѕвезда на уметничкото лизгање?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња