Москва 365: сите станици на метрото на еден блог

„Пјатницкое шосе“ е една од шестте станици во Москва со конкавна платформа. Извор: Дмитриј Бердасов.

„Пјатницкое шосе“ е една од шестте станици во Москва со конкавна платформа. Извор: Дмитриј Бердасов.

Дмитриј Бердасов е московјанин. Тој уште како дете патувал со метро, а потоа цели дванаесет години не се симнувал под земја што, најверојатно, според зборовите на Дмитриј, претставува причини за неговиот интерес за московското метро, кое сега тој го фотографира за својот блог. Проектот „Метро 365“ е блог на кој Дмитриј ги става своите фотографии и планира во текот на една година да ги фотографираа сите 188 метро-станици. Во интервју за Руска реч тој зборува за своите омилени станици, а исто така дава совети на туристите за тоа кои од нив вреди да се посетат.

Зошто се зафативте за овој проект? 

Беше почнала есента и немав што да фотографирам, па решив тоа да биде метрото – прва беше станицата „Славјански буљвар“ и ми се допадна. На livejournal беше објавен грант за проекти, па јас го смислив „Метро 365“. На крајот добив грант за развој на мојот блог. Во тоа време јас веќе имав фотографирано 15 станици и почнав да сфаќам какви организми се тоа и како тие функционираат. 

Постои ли некаков систем во метро-станиците?

Во принцип, сите станици, и новите и старите, се делат на длабоки и плитки. Плитките, пак, се делат на столбни, кои се нарекуваат стоногалки, а кај длабоките имаме столбни и имаме пилонски, каде има ѕидови со отвори во нив. 

Кои станици треба да ги посети еден странец? 

Јас би посоветувал тоа да бидат новите – „Пјатницкое шосе“, која е направена со црн и со бе мермер и е една од шесте станици во Москва со закривена платформа. Интересна е станицата „Международнаја“ која излегува кон Москва-Сити. А, од старите би ги препорачал сите кои се изградени пред Втората светска војна, тоа е црвената линија од „Парк куљтури“ до „Сокољники“. 

Од моите омилени би ги споменал „Електрозаводскаја“ која е изградена за време на Втората светска војна, и таа е пилонска станица во советски стил, со портрети на научници, со барелјефи од бел мермер со фигури на војници, земјоделци, градежници.

Metro ElektrozavodskayaСтаницата „Електрозаводскаја“ е изградена за време на Втората светска војна. Извор: Дмитриј Бердасов. 

Ми се допаѓа „Парк победи“, таа е нова и кај неа се користи мермер со различни бои, има мошне впечатливо пано во боја, кое е посветено на Татковинската војна од 1812 година. На другиот крај на станицата има уште едно пано посветено на Големата татковинска војна, а чиј автор е Зураб Церетели, руски уметник и скулптор, кој има направено многу дела за градот. Споменикот на Петар Велики, храмот на Христос Спасителот се градеа под негово раководство; тој ги има направено скулптурите во Александровскиот парк, но нив, се чини, дека најмногу ги критикуваат. Впрочем, негово дело е и станицата „Трубнаја“, каде тој е автор на витражите и на паноата во боја со цркви и со собори.

Metro TrubnayaСтаницата „Трубнаја“ е декорирана со панели во боја на кои се претставени руски цркви. Извор: Дмитриј Бердасов.  

На кружниот дел од станицата „Таганскаја“ има сино сводови на ѕидовите кои се направени од порцелан, а самите ѕидови се од керамика. Порано тука се наоѓала големата скулптура на Сталин опкружен со војници. Од станиците што се изградени пред перестројката на сивата линија ми се допаѓа „Нагатинскаја“ со фирентински мозаик од мермер долж ѕидот од страната на патот. 

Кои се легендите што ги знаете за метрото? 

Интернетот е полн со нив, но никој не знае дали е тоа вистина или измислица. Од „Кунцево“, на пример, каде се наоѓа викендичката на Сталин, кој центарот е направена линија на метрото и тоа не е легенда. На некои места нема само шини, туку и пат, за да можат да минуваат и возови и кол, така што во московското метро се е можно. 

Сега вие често патувате со метро? 

Од 15 јуни, кога сите заминуваат на одмор, може да се патува со кола, а инаку во Москва е навистина побрзо да се оди со метро. Тоа е со години проверен начин да се стигне насекаде навреме. За гостите на престолнината метрото е одделен туристички дел и сите странци сакаат да го видат.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња