Со помош на руски дизајнери УАЗ подготви специјална колекција на облека прилагодена на динамичниот начин на живот на сопствениците на легендарните автомобили, се вели во соопштението на сајтот на компанијата.
Како што се наведува, инспирацијата за креирање на колекцијата покрај познатиот теренец беше и ликот на боксерската легенда Костја Цзју, кој од 2017 година е во улога на амбасадор на брендот УАЗ.
Дизајнерите специјално за УАЗ ја креираа колекцијата од дуксови, капчиња и маички водејќи сметка за целокупниот процес од идеја до реализација на производот.
„Се запознав со богатата историја на Фабриката за производство на автомобили од Улјановск (УАЗ) во чии познати модели најдов инспирација. Така настана основната колекција на оваа облека. Формата е слободна, со чисти линии и рамна силуета. Наменета е за патувања, прошетки и активен одмор. Колекцијата пред сѐ е ориентирана на мажи, но сите модели постојат и во величини за жени, па тие само треба да го одберат моделот што им се допаѓа“, изјави креаторката Мила Виборних.
Најверните поклоници на теренците на УАЗ ги очекува изненадување по повод 23 февруари, Денот на заштитникот на Татковината. Имено, првите 20 лица кои ќе нарачат облека добиваат боксерски ракавици со автограм на Костја Цзју.
Облеката засега не се испорачува во странство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче