Играта со костими што доаѓа од јапонската поп култура наречена косплеј за Александар Кравц е малку повеќе од хоби. Тој речиси секојдневно на многу едноставен начин се претвора во ликови од холивудските филмови, а армијата следбеници на „Инстаграм“ докажува дека неговите напори се почитуваат и вреднуваат.
Овој менаџер од Москва со години имал типичен „Инстаграм“ профил, сѐ додека во 2015 година одненадеж не се вљубил во косплејот.
„Петтиот елемент“, 1997/Sony pictures
Sasha WalekТолку се впуштил во оваа модерна јапонска вештина на костимирање, што на неговиот „Инстаграм“ не останало место за обични фотографии. Речиси сите фотографии на Саша сега се имитации на јунаци од ТВ серии, филмови и игри.
„Пиратите од Карибите: Тајната на мртовечкиот ковчег“, 2006/Walt Disney Pictures
Sasha WalekСвојата вештина Александар ја нарекува „лесен вид на косплеј“, минималистичка, која бара само предмети кои секој ги има дома: лонец, тавче, фен за коса, виршли...
„Спајдермен 2“, 2004/Columbia Pictures
Sasha WalekНајголемиот предизвик му била имитацијата на Доктор Октопус од филмот „Спајдермен 2“. Саша со часови комбинирал тегови, конецот, селотејп, скали и правосмукалка. Само поради една добра фотографија!
„Опкружен со мртовци“, 2010/AMC Network Entertainment
Sasha WalekАлександар сака да фотографира на необични места. Вели дека еднаш се прикрал во руска воена база, внимателно заобиколувајќи ги патролите.
„Семоќниот Брус", 2003/Universal Studios
Sasha WalekСвојата активност ја нарекува „обично зафркавање“, меѓутоа, изгледа дека тоа за него е нешто повеќе од хоби. Александар ги објавува своите фотографии 3-4 пута неделно. Вистинска страст, зар не?
„Кошмар во „Улицата на брестовите, 2010/New Line Cinema
Sasha WalekНа „Инстраграм“ има речиси 50000 следбеници, па сепак не сака да се претставува како блогер. Публика му праќа идеи кои тој често и со големо задоволство ги реализира.
„Животот на Пи“, 2012/20th Century Fox
Sasha WalekДомашните миленичиња играат важни улоги во косплејот на Саша. Улогата на диви ѕверови, на пример...
„Вселенски топки“, 1987/Metro-Goldwyn-Mayer
Sasha Walekили на чудовишта од вселената...
„Херкулеc“, 2014/Paramount Pictures
Sasha Walekпа макар и на шапки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче