Елегантен, а презадолжен: Сибирец се сокрил од извршителите во вреќа со компири

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Еден елегантно облечен жител на Новосибирск кој бил презадолжен и требало да врати 200 илјади рубли (околу 2800 евра) за кредит, воопшто не се мислел кога судските извршители се појавиле на неговиот куќен праг да се скрие во вреќа со компири во кујната.

Информацијата е објавена на сајтот на регионалната управа на Федералната служба за судски извршители.

Мајката на должникот речиси успеала да ги убеди извршителите на кои им ја отворила вратата дека нејзиниот син не е дома и дури им предложила самите да се уверат во тоа.

Извршителите веќе се подготвувале да си отидат, но кога слушнале кивање од кујната и сфатиле дека тоа доаѓа од вреќа што стоела исправено, се вратиле. Вреќата наеднаш паднала настрана, а од вреќата се покажал должникот, пишува во соопштението.

Забележано е и дека Сибирецот бил многу убаво облечен, во одело, со елек и дека имал резервирано маса за романтична вечера за двајца во ресторан.

Извршителите на крај ја попишале белата техника, мебелот и електронските уреди во станот.

Прочитајте повеќе: Вработена во „Сбербанк“ сокрила 119000 долари во снег