Налутен граѓанин на Киров плати долг од 46 илјади рубли во монети

Руски рубли и копејки.

Руски рубли и копејки.

Ројтерс
Претприемач-поединец во Киров плати судско извршување од 46,7 илјади рубли во копејки.

Претприемач-поединец во Киров донесе во окружното одделение на судските извршители сума од 46,7 илјади рубли за исплата на долг за придонеси. Износот го платил во копејки (1 рубла=100 копејки), соопшти во вторникот прес-службата на управата на Федералната служба на судски извршители (ФССИ) за Кировската област.

„.. Должникот беше поканет на приемот за разрешување на прашањето за плаќање на долгот. Тој мораше да помине повеќе пати низ контролниот пункт во зградата на службата – за плаќање на долгот тој донесе неколку тешки банкарски вреќи и кутија од „Чупа-чупс“ со монети во апоени од 1 копејка“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Вкупно имаше шест или седум вреќи со монети, а вкупниот износ на долгот со таксата за извршување изнесува 46,7 илјади рубли.

„Се покажа дека откако се „ѝ налутил на државата“, тој решил да го покаже својот негативен став спрема извршителите... Во разговорот должникот потврди дека намерно разменувал пари во ситни монети за да ја изнервира „државата“ претставена преку судските извршители“, се вели во соопштението.

Установата истакнува дека „врз судскиот извршител, во извршувањето на службените должности, емоциите на должникот не му направиле никаков впечаток“. Пари за плаќање на долгот биле прифатени, се разбира, за нивно броење биле потребни неколку стручњаци. Должникот, исто така, морал да остане долго време во одделението за да го дочека броењето на парите и издавањето на потврдата за уплата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња