УАЗ му одговори на Маск: На Марс руска „Буханка” ќе го шлепува „Тесла“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Улјановскиот автомобилски завод (УАЗ) одговори на лансирањето на најновата ракета-носач Falcon Heavy која изнесе електричен автомобил во орбитата.

На фотографијата која е објавена на страницата на УАЗ на социјалната мрежа „ВКонтакте” е прикажан автомобил „Тесла“ како пристигнува на Марс. Но, на површината на „Црвената планета” веќе се наоѓа и возило на УАЗ.

„Кога „Тесла“ најпосле ќе стигне на Марс, некој ќе мора да го извлекува од кратерите“, се наведува со фотографијата.

Прочитајте како реагираа Русите на лансирањето на автомобилот на Илон Маск во вселената