„За две години (до февруари 2018 година) е изградена основната конструкција на друмскиот дел на мостот: во тлото се забиени носачите, подигнати се столбовите и поставени се конструкциите меѓу столбовите. До декември, кога според планот мостот треба да биде пуштен во употреба, на градителите им преостанува да го завршат асфалтирањето на патиштата и да го уредат коловозот“, се наведува во соопштението.
Исто така се наведува дека се завршени повеќе од 50% од работите над клучните елементи на железничкиот премин, поставени 95% од носачите и подигнати се 190 столбови од вкупно 307.
Се наведува и дека се монтирани повеќе од 40 илјади метални конструкциски елементи меѓу столбовите.
„Оваа година градителите интензивно работат на изградбата на морските делници на железничкиот премин: на една делница веќе се поставуваат конструкциите меѓу столовите“, се истакнува во соопштението.