Како на мапата на Москва се појави „таинствено езеро”?

Legion Media
Јамата во близината на Павелецката железничка станица на мапата се претвори во езерце.

Јамата за темели во близината на Павелецката железничка станице сега на сајтот Yandex.Maps е обележана како водена површина. На „Твитер“ се појави овој пост кој го докажува тоа.

Интернет корисниците претпоставуваат дека до тоа дошло затоа што градилиштето е речиси постојано поплавено. Некои го нарекуваат „Павелецката бара”.

Yandex објаснува дека дошло до тоа затоа што на корисниците им е дадена можност да внесуваат измени во мапите. „Тешко е да се процени моменталната состојба на ова место, меѓутоа, според објавениот проект за реконструкција, всушност тука би требало да се наоѓа мало езерце. Во овој случај, додатокот на мапата е само малку преран“, соопшти компанијата за руските медиуми.

Проектот за трговски центар на плоштадот „Павелецки“ стои недовршен од 2000-те. Во 2016 година оваа територија ја презеде државата во јавен интерес. Подоцна е соопштено дека локацијата преминала во сопствеништво на приватна компанија.

Прочитајте повеќе зошто во Русија не ги сакаат московјаните и дали е Москва држава во држава?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња