Ако под снегот не можете да си ја најдете колата, време е да ги земете скиите од терасата!
По центру Москвы на лыжах, отличная погода #москваpic.twitter.com/guGqEErPig
— Алексей Кириленко (@Kirilenko_a) 4 février 2018
Во Москва е отворена сезоната за сноубординг!
Во предградието на Москва жителите со снег ја затрупаа вратата на канцеларијата за комунали услуги, затоа што комуналците не си ја завршиле својата работа и не ги исчистиле дворовите и тротоарите.
Многумина возачи буквално ги изгубија своите возила во снегот. Од поведрата страна, времето е совршено за вежби со лопата.
Сега е многу опасно да шетате по московските улици, затоа што дрвјата се кршат под тежината на снегот.
Градските власти ги замолија возачите да ги остават своите возила дома и да го користат јавниот превоз. Многумина го послушаа овој совет.
Тоа што го оставиле автомобилот дома не ги поштеди московјаните од неволја. Овие патници мораа да се пробиваат низ снегот.
Десетици возови се откажани поради снегот. Патниците мораа да покажат малку трпение.
Но најголемиот сообраќаен колапс се случи на московските аеродроми. Некои од планираните пристигања се пренасочени, додека оние кои чекаа да полетаат од Москва мораа да чекаат со часови.
„Кога навистина мораш да отпатуваш... а снегот паѓа и паѓа, а ти седиш и го чекаш својот лет веќе 9 часа и 9 часа го слушаш истото: летот доцни, летот е откажан, преземете ги вашите купони... и не можеш да сториш ништо, освен да се обидеш да останеш прибран и да веруваш дека сепак сето тоа ќе заврши...“, објави на „Инстаграм“ корисникот @serenkook.
Аеродромските служби се бореа колку што можат, но овој пат природата не им даде шанса.
Авионите на аеродромот Внуково во Москва ги опкружуваа купишта снег.
Снегот не го заобиколи ни Шереметјево.
Повеќе од 350 дрвја паднаа во Москва. Некои жители се повредени.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин им наложи на училиштата наредниве денови да воведат незадолжителна посета на наставата.
Животните си имаа свои проблеми со снегот.
Утринската прошетка со куче изгледаше вака...
Снегот целосно го измени изгледот на градот.
Толку многу снег падна што некои знаменитости на градот изгледаа поинаку.
Дури и Црвениот плоштад се сокри под снегот.
Некои храбри Московјани и туристи, меѓутоа, не дозволија да лошото време да им ги попречи плановите. Најупорните шетачи ги открија најубавите глетки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче