Заледено кралство: Магични фотографии од напуштена куќа на Урал

Демон Антонов и Анастасија Попељскаја
Сoседите видоа како од напуштената куќа се крева пареа и свратија да погледнат за што се работи. Не ни помислуваа дека ќе влезат во волшебно кралство.

Фотографот од Екатеринбург Анастасија Попељскаја и нејзиниот сопруг Дмитриј ѕирнаа во напуштената соседна куќа и здогледаа преубави призори кои постојано се менуваа поради пареата.

„Фотографиравме околу 40 минути, додека батеријата не ни се испразни. Беше интересно да се гледа како оваа „ледена вегетација“ живее свој живот, како ова ситно „дрвје“ расте и паѓа за на истото место да се подигнат нови стебла“.

Тоа, инаку, се случува кога на јануарските мразеви пукаат цевките на радијаторите.

 

Прочитајте што им прави температурата под -40 °C во Сибир на трепките на девојките.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња