Валентина Матвиенко предложи да се основа министерство за осаменост

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
На постарите луѓе им треба секојдневно внимание, потсетува Матвиенко.

„Осаменоста на постарите луѓе е многу голем и важен општествен проблем. На постарите луѓе им треба внимание“, изјави Валентина Матвиенко, претседател на Советот на Федерацијата и предложи основање на министерство за осаменост. Русија во тоа би можела да се угледа на Велика Британија, смета таа.

„Можеби некој ден и ќе основаме министерство за осаменост, не знам. Веќе предлагав министерство за среќа, но некако не ме поддржуваат. Затоа сега предлагам министерство за осаменост. Мораме да бидеме креативни, можеби некој ден ќе нѐ сфатат“, вели Матвиенко.

Прочитајте повеќе: Како да се запре стареењето?