Старец во книжарницата „Библио Глобус“.
Рамил Ситдиков/РИА „Новости“Според состојбата од јануари оваа година, во Русија живееле 15,7 илјади луѓе родени пред 100 или повеќе години, што е речиси за илјада луѓе повеќе од соодветниот показател во 2016 година. Ова се вели во податоците на „Росстат“, пренесува „Известија“.
Така, според статистичките податоци, од јануари 2016 година до јануари 2017, бројот на стогодишници (100 и повеќе години) во земјата е зголемен за 923 луѓе и достигнал 15704 луѓе (од 2014 и 2015 година растот беше за 600 луѓе). Поголемиот дел од стогодишниците се жени (12 илјади) и речиси сите (9 илјади) живеат во град.
Според докторот на историски науки, професор на Московскиот државен универзитет (МГУ) Андреј Коротаев, зголемувањето на бројот на стогодишници е сосема природно. „Тоа е поврзано првенствено со развојот на медицината. Очигледно е дека технологиите во последниве години направија голем исчекор. Постигнати се сериозни успеси во намалувањето на смртноста од кардиоваскуларни болести“, објасни тој. Според професорот, руските научници создаваат сѐ поефикасни лекови за борба против онколошките заболување, што е од особено значење за постарите лица.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче