Вработена во „Сбербанк“ сокрила 119000 долари во снег

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Што се случува кога ќе ве фатат како крадете куп пари? Секако дека ќе ги ставите парите во стаклени тегли и ќе ги закопате надвор.

Во ретко населеното село Манили на Камчатка (околу 7000 километри источно од Москва) вработена во „Сбербанк“ за неколку години украла огромна сума на пари - 6,7 милиони рубли (околу 119000 долари) – и ги трошела. Кога полицијата конечно ѝ се нашла на трагата, испаничила и закопала слична сума пари во стаклени тегли во снегот во обид да изгледа дека некој друг ја украл готовината.

За нејзина жал, тоа не ѝ успеа. Кога полицајците ја обвинија (излегува дека е единствениот вработен во банката: прв осомничен) и го пронајдоа купот, тие открија само 4,5 милиони рубли (80000 долари). Сè уште не е познато каде е остатокот од готовината. Криминалот предизвика голема вознемиреност во селото (население: 770).

„Не се случува секој ден да се украде во Менили толкава сума на пари“, изјави локален функционер. „Фала му на Бога што случајот е решен. Може да се каже дека речиси сите во селото беа осомничени“.

Прочитајте повеќе: Руските служби за безбедност открија вирус кој напаѓа бензински пумпи и краде гориво од муштериите